Резултати 14.05.2005
Убавината на трчањето!!! Со наближувањето на летото се пружа можност во целост да се доживее убавината на трчање, посебно во трките. Дојдете следниот пат и лично доживејте го!!!
Се повеќе се чувствува доаѓањето на летото. Пријатните температури,
зеленилото, тишината на паркот наутро, се убавини кои не можат да се
опишат, само можат да се доживеат.
Инаку,
како и секогаш трката помина во пријатна атмосфера и со уште едно
соборување на личен рекорд, овој пат на Кристијан.
Повторно први беа Трпе и Елена.
Трката беше одлична прилика да се направи мал брзиниски тренинг и
провери подготвеноста пред маратонската (42.2км) и полмаратонската трка
(21.1км) кои ќе се одржат следниот викенд (22 мај - недела).
Фотографии
РЕЗУЛТАТИ
Мажи
- Трпе Мартиновски 10,32
- Горан Стојанов 11,37
- Коце Никчевски 12,35
- Љупчо Мирчевски 12,53
- Гоце Цветаноски 13,12
- Екалабја Божинов 13,51
- Зоран Милосковски 14,43
- Виктор Христовски 14,50
- Кристијан Илчевски 14,59 **** (личен рекорд)
- Дуле Милосковски 18,53
- Саша Дабиќ (72 год) 22,29
ЖЕНИ
- Елена Димитријевиќ 16,40
- Маре 19,52
