Трка на 3.2км
Седмичната „Трка на себенадминување на 2 милји“ (3.2км) е посебно
искуство и задоволство кое треба секој како рекреативец така и
професионален атлетичар да го доживее. Оваа трка се организира веќе 16
години наназад. Самата специфичност на трката бара спој на брзина и
издржливост, особини кои се толку многу потребни не само во спортот
туку и во нашето секојдневно живеење.
Трката се одржува секоја сабота со почеток во 8.00 часот (во зима во
8.30ч) во градскиот парк во Скопје. Стартот е кај Градското собрание.
Патеката е кружна со должина од 1км. Трката е од отворен карактер и
може да учествува секој што има желба а учеството е бесплатно.
Ве покануваме да дојдете и да ги предизвикате сопствените постигнувања.
Сигурно ќе ги надминете, ви гарантираме !!!
Погледнете ги резултатите од одржаните трки во 2007, 2006, 2005 и 2004 година.
