Повреди и кризи - 5
Прашање: Како може да се трча со внатрешна болка?
Шри Чинмој: Внатрешната болка е шала. Јас и верувам само на надворешната болка. Понекогаш не можам да згазнам на стапалото без огромна болка! Но внатрешната болка, која доаѓа од фрустрација, депресија, љубомора и несигурност, е шала. Внатрешната болка треба да биде отфрлена како валкан партал! Надворешната болка не може лесно да се занемари, но внатрешната болка мора да се отфрли.
Ако имаш внатрешна болка, ако си љубоморен на некого или си во небожествена свест, тогаш надворешното трчање всушност ќе ти помогне. Кога трчаш и се потиш, кога се мачиш, тогаш внатрешната болка си оди до одредена мера. Инаку, ако само затоа што си депримиран не излезеш да трчаш, тогаш си будала. Ако се чувствуваш депримиран додека трчаш, можеш на глас да пееш и обиди се намерно да пееш погрешно. Тогаш смеј се на себеси. Некои мои пријатели го правеа ова. Тие беа добри пеачи, но намерно погрешно пееја додека одеа и ова ги смееше. На овој начин се ослободуваа од депресијата.
