Personal tools
Document Actions

Повреди и кризи - 2

Прашање:Секогаш кога ќе станам многу загреан за физичко и за занимавање со спорт, се повредувам себеси до точка да морам целосно да престанам. Зошто се случува ова?

Шри Чинмој: Она што всушност се случува во твојот случај е да кога влегуваш во физичкиот свет - играјќи тенис или други работи - ти не му даваш важност на физичкото како такво. Ти остануваш во умот. Дел од твоето постоење го фрлаш во играта а другиот дел останува целосно во светот на умот. Тоа е како да се пресечеш себеси на половина. Твоето тело е на првиот спрат, но твојата свест е секогаш на повисокиот спрат, во умот. Ако можеш да насочиш повеќе од твојата ментална енергија во физичкото, кога играш, ова нема да се случи. Сакаш да играш и сакаш да победиш. Но всушност концентрацијата на умот, вистинската концентрација не е во самото физичко. Ти знаеш дека играш тенис, но концентрацијата која на телото му треба од умот не е тука. Постои јаз. Телото без концентрација од умот е беспомошно. Затоа, кога играш, не мисли на твојата умствена работа. Твојот ум може да не е свесен дека мисли на погрешна работа, но една работа е да не се биде свесен дека се прави погрешна работа а друга работа е свесно да се концентрира на вистинската работа. Внатре во тебе и околу тебе постојат многу битија. Бидејќи има јаз помеѓу концентрацијата на умот и физичката активност, овие битија можат да го нападнат физичкото. Тоа не мора да се лоши сили, но можат да создадат непријатни искуства во животот.

page created by Jure Lozar last modified 2007-06-27 05:47 AM
website statistics